March 25, 2025 | | Свет
И покрај ограничената минутажа оваа сезона, младиот турски талент Арда Ѓулер не ја губи вербата дека ќе се избори за своето место во дресот на Реал Мадрид. Конкуренцијата во тимот на Карло Анчелоти е жестока, но 18-годишниот офанзивец е убеден дека неговото време допрва ќе дојде. „Верувам во својот пат, а Реал Мадрид ми даде јасен план за иднината. Сигурен сум дека ќе успеам и ќе се докажам во овој клуб“, изјави Ѓулер со голема самодоверба. Турскиот бисер изрази благодарност кон навивачите кои му даваат поддршка во секој чекор. „Фановите на Реал Мадрид ми значат многу. Ова е клуб со огромна историја и големи очекувања, но јас нема да застанам додека не се изборaм за успех тука“, додаде тој. Иако се појавија шпекулации за можна позајмица со цел да добие повеќе минути, Ѓулер јасно става до знаење – неговата амбиција е да успее во „кралскиот клуб“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |