Ѓулер му дал дрзок одговор на Чаби Алонсо за можна позајмица!

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѓулер му дал дрзок одговор на Чаби Алонсо за можна позајмица!

За талентот на Реал Мадрид Арда Ѓулер се заинтересирани голем број на екипи, кој пред се сакаат да го ангажираат на позајмица. Медиумите во Шпанија пишуваат дека Чаби Алонсо стапил во контакт со Ѓулер и се распрашувал за позајмица, но одговорот бил дрзок. „Останувам во Реал Мадрид, слободно кажете му го тоа на секој што ќе праша за мене“, наводно кажал Ѓулер. Дискутабилно е колку Ѓулер наредната сезона би играл во Реал поради големата конкуренција, но тој одлучил да остане и да се бори за својата позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.