Гледаше од трибините, па закасна да го замени Нојер

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гледаше од трибините, па закасна да го замени Нојер

Натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Баер Леверкузен (3:0) донесе сцена што ретко се гледа во ова престижно натпреварување. Во 54. минута, капитенот на минхенскиот тим, Мануел Нојер, беше принуден да го напушти теренот поради повреда. Бидејќи Свен Улрајх, кој првично беше пријавен како резервен голман, го следеше натпреварот од трибините, Баерн мораше брзо да реагира. На негово место меѓу стативите застана младиот Јонас Урбиг, за кого ова беше прв настап во дресот на Баерн. Во меѓувреме, Улрајх итно се пресоблече и седна на клупата, подготвен да влезе доколку Урбиг се повреди или добие црвен картон. Но, такво нешто не се случи, па 21-годишниот Урбиг, кој во јануари 2025 година пристигна од Келн за 7 милиони евра, го одбрани голот на Баерн до самиот крај на мечот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.