Играчот на Њукасл и репрезентативецо..." /> Глупостите во Англија продолжуваат: Гордон се повредил возејќи точак – Статива

Глупостите во Англија продолжуваат: Гордон се повредил возејќи точак

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Глупостите во Англија продолжуваат: Гордон се повредил возејќи точак

Играчот на Њукасл и репрезентативецот на Англија Ентони Гордон заработи бизарна повреда.

Тој се повредил за време на возење велосипед во близина на кампот на националниот тим.

Оваа информација ја потврди и неговиот соиграч Марк Гуехи.

„Падна од велосипед. Момците излегоа на возење велосипед. Јас всушност не бев таму. Слушнав за тоа. Всушност, разговарав со Ентони и не обрнав многу внимание… Се завртив и тогаш видов голема рана на неговата брада, но тој е во ред. Добро е’’, раскажа Гуеху.

Тој носел кацига која спречила посериозни повреди.

Англија ќе игра против Словачка во осминафиналето во дуел кој се игра утре од 18 часот и се очекува Гордон да биде повикан за дуелот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.