October 8, 2024 | | Свет
ФИФА одлучи да го казни фудбалерот на Комо Марко Курто со десет натпревари поради расизам. Имено, за време на пред-сезоната Комо одигра пријателски натпревар против Вулверхемптон и во тој натпревар Курто го навредил играчот на англискиот тим Хванг Хе-Чан. Најпрво Вулверхемптон приложи жалба до УЕФА, но од таму истакнаа дека се немоќни бидејќи се работи за натпревар надвор од нејзините натпреварувања. Потоа јужнокорејскиот сојуз случајот го пријави во ФИФА. Курто во разговор со Хванг го нарекол „Џеки Чен“ па сега десет натпревари ќе биде казнет. Оваа казна Курто ќе ја одработи како играч на Чезена во Серија Б каде што се пресели како позајмен фудбалер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |