Го платија 35 милиони, а сега го продаваат за ситни пари!

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Го платија 35 милиони, а сега го продаваат за ситни пари!

Дони ван де Бек е едно од најголемиоте промашувања во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој беше платен 35 милиони фунти и го ангажираа од Ајакс. Јунајтед сакаше да се ослободи од него и да го продаде на Евертон или на Франкфурт, тимови каде тој беше на позајмица, но тие не сакаа да го купат. Како што пренесува Фабрицио Романо, Гирона сака да го ангажира ван де Бек ако успеат да се договорат со него. Трансферот би изнесувал помалку од еден милион евра фиксна сума, каде ќе има додатни бонуси со што трансферот би достигнал од четири до пет милиони евра вкупно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.