Го предаде Интер за ПСЖ, сега сака да замине

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Го предаде Интер за ПСЖ, сега сака да замине

Милан Шкрињар своевремено беше важна карика во тимот на Интер каде играше во периодот од 2017 до 2023 година. Словакот пред да замине одби да потпише нов договор и форсираше трансфер во ПСЖ. Сега Фабрицио Романо пренесува дека Шкрињар сака да замине од францускиот клуб бидејќи не е среќен со неговиот статус. Тој е спремен да замине уште во јануари. Јувентус би можел да го ангажира Шкрињар на позајмица поради повредата на Бремер за кого сезоната е завршена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.