Го убедија: Јувентус го договори првото зимско засилување

January 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Го убедија: Јувентус го договори првото зимско засилување

Рендал Коло Муани од Пари Сен Жермен ќе биде првото зимско засилување за екипата на Јувентус. Играчот ќе пристигне во Торино на позајмица, но без опција за откуп, а евентуалниот трансфер ќе биде тема на преговори по завршувањето на сезоната. Сите детали веќе се договорени, и нема повеќе дилеми околу неговиот премин. Муани ќе пристигне во текот на оваа недела и ќе ги заврши потребните медицински прегледи во Торино, а Јуве ќе ја покрие неговата плата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.