Го замолија Пеп за автограм, па си добија лекција: „Ви ги запомнав лицата“ (ВИДЕО)

January 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Го замолија Пеп за автограм, па си добија лекција: „Ви ги запомнав лицата“ (ВИДЕО)

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, покрај тоа што потпиша дресови и фотографии на млади навивачи кои му пријдоа за автограм, одлучи и да ги советува. Тој ги изненади со својот сериозен тон, упатувајќи им важна порака. „Не се враќајте повеќе, нема да ви потпишувам. Ви ги запомнав лицата. Вратете се во училиште и подготвувајте се,“ рече Гвардиола, предупредувајќи ги дека таквото однесување не е патот што треба да го следат. Тој ги поттикна младите да размислуваат за својата иднина, наместо да губат време барајќи автограми. „Сакате ли целиот живот вака да го поминете? Навистина? Цел живот сакате ова да го правите? Подобро спремајте се. Кои се вашите соништа? Вежбајте,“ додаде тој, нагласувајќи ја важноста на образованието и напорната работа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.