November 19, 2024 | | Свет
Елиф Елмас заработи повреда во дуелот со Летонија по што мораше порано да го напушти теренот. Од претходно беше познато дека тој има проблем со мускулот на ногата, а сега истиот го скина по што ќе мора да отсуствува околу шест седмици. Божиќните празници традиционално носат и пауза во елитното германско фудбалско друштво. Бундеслигата ќе продолжи на 12 јануари и се очекува Елмас да биде спремен за дуелот на домашен терен со Вердер. Во моментов останува непознато дали Елмас во јануари ќе замине од Лајпциг поради малата минутажа која ја има под палката на тренерот Марко Росе од стартот на сезонава. Најзаинтересирани клубови за Елмас во моментов се турските гиганти Фенербахче и Галатасарај.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |