April 13, 2025 | | Свет
Кристијано Роналдо не запира и продолжува со неверојатно темпо да ја брка магичната бројка од 1.000 голови во кариерата. Во дуелот против Ал-Ријад, португалската суперѕвезда постигна два гола и беше клучен во триумфот на Ал-Наср со 2-1, во рамките на 27. коло од саудиското првенство. Прво го постигна голот за израмнување, а потоа со вистинско ремек-дело го донесе пресвртот и победата за својот тим. Со двата нови погодока, Роналдо сега има вкупно 933 гола во професионалната кариера, и уште посилно се приближува до историјата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |