Гол на Роналдо со „ножички“ против Полска, Србија ја испрати Швајцарија во Лига Б (ВИДЕО)

November 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гол на Роналдо со „ножички“ против Полска, Србија ја испрати Швајцарија во Лига Б (ВИДЕО)

Португалија убедливо славеше против Полска 5-1, а домаќините сите пет гола ги постигнаа во вторите 45 минути. Резултатот го отвори Леао, потоа Роналдо погоди од пенал, па Фернандеш и Нето за на крајот Роналдо со атрактивни „ножички“ да ја запечати победата на Португалија. Полска во 88. минута преку Марчук само постигна почесен гол. Со вечерашната победа Португалија го потврди првото место во групата и дуелот против Хрватска во последното коло ќе биде чиста формалност. На дуелот помеѓу Швајцарија и Србија, гостите успеаа да дојдат до бод што значи дека избраниците на Пикси си обезбедија директна борба со Данска за пласман во четвртфиналето. Митровиќ во 55. минута промаши пенал, а Швајцарија поведе во 78. минута преку Амдуни. Потоа следуваше израмнување на Србија преку Терзиќ кој со неговиот гол ги испрати Швајцарците во Лига Б.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.