Голеада: Интер и Јувентус одиграа полувреме со дури пет гола! (ВИДЕО)

October 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Голеада: Интер и Јувентус одиграа полувреме со дури пет гола! (ВИДЕО)

Интер и Јувентус одиграа неверојатно прво полувреме каде паднаа пет гола и домаќините водат со 3-2. Прв поведе Интер во 15. минута преку Зиелински од белата точка, а по само пет минути возврати Влаховиќ. Во 27. минута следуваше пресврт на Јувентус каде стрелец беше Веа по одличниот продор на Консеисао. Но, осум минути подоцна Микитаријан со послабата лева нога прекрасно погоди, а две минути подоцна, имаше нов пенал за домаќините каде по втор пат сигурен беше Зиелински.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.