Голем гаф на српска телевизија: Наместо извештај од мечот Србија – Андора, пуштија ВИДЕО ИГРА! (ВИДЕО)

June 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голем гаф на српска телевизија: Наместо извештај од мечот Србија – Андора, пуштија ВИДЕО ИГРА! (ВИДЕО)

Националната телевизија „Хепи“ од Србија стана мета на подбив откако направи голем гаф во известувањето за победата на репрезентацијата против Андора (3-0) во квалификациите за Светското првенство. Наместо да прикажат реални снимки од натпреварот – голови, акции и моменти од теренот – во централниот дневник емитуваа исечоци од фудбалска видео игра, очигледно мислејќи дека тоа е соодветна визуелизација на случувањата. Гафот предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, каде корисниците ја критикуваа непрофесионалноста и невниманието на телевизијата, додека некои се шегуваа дека виртуелниот натпревар „изгледал пореално“ од вистинскиот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.