May 10, 2025 | | Свет
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, донесе одлука да ги награди сите 600 вработени во клубот со патување на финалето на Лигата на шампионите. Финалето ќе се игра на 31 мај во Минхен, каде ПСЖ ќе се соочи со Интер. Во писмото испратено до вработените, Ал-Келаифи нагласил дека клубот е една голема фамилија која гордо го претставува Париз и Франција, и затоа сите ќе имаат можност да го поддржат тимот во живо на стадионот. Тој изрази благодарност за нивната посветеност и страст кон клубот, додавајќи дека ваквата одлука е знак на признание за нивната работа. Ова е второ финале во Лигата на шампионите за ПСЖ. Првиот обид беше во 2020 година, кога загубија од Баерн Минхен со 1-0 во Лисабон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |