Голем гест на Ливерпул: Договорот на Жота ќе се исплати и ќе биде основана фондација во негова чест

July 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голем гест на Ливерпул: Договорот на Жота ќе се исплати и ќе биде основана фондација во негова чест

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул покажува вистинска човечност и сочувство кон семејството на трагично загинатиот Диого Жота – клубот ќе го исплати целиот преостанат износ од неговиот двегодишен договор. Оваа информација ја објави португалскиот весник „Рекорд“, нагласувајќи ја големината на овој потег. Со оваа постапка, Ливерпул испраќа силна порака на солидарност и поддршка до сопругата и трите деца што ги остави зад себе португалскиот репрезентативец. Трагичната несреќа во која загинаа Жота и неговиот брат Андре Силва ја потресе фудбалската јавност. Во саботата, делегација на Ливерпул – составена од фудбалери и претставници на клубот – отпатува во Гондомар (Португалија) за да им оддаде последна почит на браќата. Клубот веќе објави дека дресот со број 20 ќе биде трајно повлечен од употреба, а во подготовка е и основање на фондација или меморијален проект што ќе го носи името на Жота.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.