Голем потег на Доргу: Беше досуден пенал, но тој призна дека не е!

March 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голем потег на Доргу: Беше досуден пенал, но тој призна дека не е!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, покажа врвен фер-плеј во триумфот од 4-1 против Реал Сосиедад. „Црвените ѓаволи“ имаа предност од 2-1 (вкупно 3-2) во осминафиналниот натпревар кога во 85. минута судијата Беноа Бастиен досуди пенал во нивна корист, откако Хамари Траоре стартуваше врз Доргу. Сепак, додека траеше ВАР-прегледот, Данецот самиот му посочи на судијата дека немало основа за најстрогата казна, со што ги изненади сите на теренот. Иако одлуката не беше во корист на неговиот тим, Доргу покажа спортски дух и чесност. Неговиот потег доби признание од менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, кој изјави: „Горд сум на него, направи вистинска работа. Но, не знам дали би размислувал исто ако ситуацијата беше поинаква“. Следен предизвик за Јунајтед во четвртфиналето ќе биде францускиот Лион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.