Голем пресврт: Салах продолжува во Ливерпул!

December 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Голем пресврт: Салах продолжува во Ливерпул!

После долго време на шпекулации, ситуацијата со Мохамед Салах и неговиот престој во Ливерпул доби нов пресврт. Првичните информации беа дека египетскиот фудбалер ќе ја напушти екипата по крајот на сезоната, но сега изгледа дека продолжувањето на соработката е веќе договорено. Според извештаите на Џон Ричардсон од „The Mirror“, Салах и Ливерпул постигнале договор за продолжување на соработката на уште две сезони. Ричардсон, кој прв ја откри информацијата за неговиот претходен договор со клубот, објави дека преговорите меѓу двете страни беа долги каде Салах барал тригодишен договор, додека Ливерпул бил подготвен да понуди само една сезона. Сепак, изгледа дека двете страни успеале да најдат компромис, и се договориле за двегодишен договор. Салах, кој и во оваа сезона продолжува да игра во врвна форма, ќе остане клучен играч за Ливерпул, што ги израдува навивачите кои беа фрустрирани од тоа што клубот не попуштил под неговите барања. Сега се очекува Салах наскоро да го потпише новиот договор, доколку најавите за постигнатиот договор се вистинити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.