Голем скандал во Аргентина: Претседател на клуб фатен како зема мито (ВИДЕО)

April 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голем скандал во Аргентина: Претседател на клуб фатен како зема мито (ВИДЕО)

Претседателот на аргентинскиот фудбалски клуб Сан Лоренцо, Марсело Морети, е во центарот на голем скандал откако беше објавено видео на кое наводно прима мито во износ од 20.000 долари за да регистрира млад фудбалер во тимот. Случајот предизвика бурни реакции низ Јужна Америка, каде јавноста со жестоки критики го осуди Морети за неговото однесување. Иако официјално не се огласил, притисокот врз управата и клубот расте. Морети беше поставен на чело на Сан Лоренцо на крајот од 2023 година, ветувајќи реформи, стабилизација на клубот и вложување во младинските категории. Но, најновите случувања ја ставаат под прашање неговата веродостојност и интегритет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.