September 22, 2025 | | Свет
Фудбалерот за врска на Барселона, Гави ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција на десното колено, објави клубот преку официјално соопштение. Младиот шпански репрезентативец во последните недели беше надвор од терените и се надеваше дека ќе се врати со конзервативен третман. Но, по новите прегледи стана јасно дека операцијата е неизбежна. „Фудбалерот на првиот тим, Пабло Мартин Паес Гави, помина низ интензивни тестови откако го заврши конзервативниот третман за радијална повреда на внатрешниот менискус на десното колено. Заклучокот е дека, за да се гарантира најдобро можно закрепнување и враќање во натпреварувачка активност, во вторник Гави ќе биде подложен на артроскопија од д-р Жоан Карлес Монлау, под надзор на медицинскиот тим на клубот. Ќе има ново соопштение по завршувањето на постапката“, стои во соопштението на Барселона. Очекувањата се Гави да отсуствува меѓу четири и шест недели, што значи дека неговото враќање би можело да биде кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |