Голема бламажа: Баерн му даде 10 гола на Оукланд! (ВИДЕО)

June 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голема бламажа: Баерн му даде 10 гола на Оукланд! (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен на импресивен начин го започна настапот на Светското клупско првенство, совладувајќи го Оукленд Сити со убедливи 10-0. Баварците одиграа доминантно од самиот почеток, при што Кингсли Коман и Мајкл Олисе постигнаа по два гола во првото полувреме, а по еден погодија Бое и Томас Милер. Во вториот дел блесна Џамал Мусиала кој за само 16 минути постигна хет-трик, а Милер со својот втор погодок ја заокружи двоцифрената победа. Во истата група се наоѓаат и Бока Јуниорс и Бенфика, кои ќе го одиграат својот натпревар на 17 јуни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.