Голема грешка на Англичаните: Во ЛШ ја пуштија химната на Лига Европа (ВИДЕО)

April 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голема грешка на Англичаните: Во ЛШ ја пуштија химната на Лига Европа (ВИДЕО)

На стадионот „Вила Парк“ синоќа се случи необична сцена пред почетокот на драматичниот реванш меѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите. Наместо химната на Лигата на шампионите, преку звучниците грешно беше пуштена химната на Лига Европа. Оваа неочекувана замена беше забележана од неколку фудбалери, кои со насмевка ја прокоментираа грешката. Навивачите, пак, беа збунети, а видеото од моментот брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции. Што се однесува до самиот натпревар, Астон Вила беше на чекор до сензација. И покрај победата од 3:2 во Бирмингем, францускиот гигант ПСЖ сепак обезбеди пласман во полуфиналето поради триумфот од 3:1 во првиот натпревар во Париз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.