Голема поддршка за Алиоски – трибините на Ал Ахли го поздравија со овации (ВИДЕО)

February 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голема поддршка за Алиоски – трибините на Ал Ахли го поздравија со овации (ВИДЕО)

По повеќе од 500 дена пауза, македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски конечно се врати на теренот во дресот на Ал-Ахли. Тој доби минутажа во 75. минута од натпреварот во азиската Лига на шампиони, каде што неговиот тим триумфираше со 4:2 против Ал-Гарафа во Џеда. Иако долго време не беше дел од натпреварите, Алиоски останува омилен меѓу навивачите на Ал-Ахли. По мечот, фановите му искажаа огромна поддршка со силни овации, а во знак на почит му подарија и шал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.