July 4, 2025 | | Свет
Според информациите на Фабрицио Романо, Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласија го известиле Манчестер Јунајтед дека сакаат да си најдат нова средина. Тие нема да учествуваат во тимските тренинзи, иако ќе им биде дозволено да го користат тренинг-центарот за да останат во форма до евентуален трансфер. Интересен е случајот со Маркус Рашфорд, кој по враќањето од позајмица во Астон Вила, ќе го изгуби и својот дрес со број „10“, кој ќе го добие Матеус Куња, новото засилување вредно 70 милиони евра. Во меѓувреме, трансфер шпекулациите за останатите играчи се интензивираат. Гарначо е најблиску до Наполи, но Челси и Тотнем внимателно ја следат ситуацијата. Санчо, за кого Челси плати дури пет милиони евра за да се повлече од откупот на договорот, сега се поврзува со Јувентус, но високата плата од 275.000 евра неделно е главен камен на сопнување. Антони имаше добра сезона во Бетис, каде беше позајмен, и клубот сака да го задржи, но преговорите за откупната цена се во тек. Маласија се враќа од ПСВ, кои одлучија да не ја искористат опцијата за откуп на договорот вреден осум милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |