Голема загриженост во Арсенал: Ѕвездата со патерици по победата над Кристал Палас (ВИДЕО)

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Голема загриженост во Арсенал: Ѕвездата со патерици по победата над Кристал Палас (ВИДЕО)

Арсенал убедливо славеше на гостувањето на „Селхрст Парк“ кај Кристал Палас со 1-5, враќајќи се на победничките патеки во Премиер лигата. Сепак, победата не беше без последици, бидејќи англискиот репрезентативец Букајо Сака заработи повреда. Во првиот дел, Сака се фати за задниот бутен мускул и не изгледаше најдобро, па тренерот Микел Артета одлучи да го замени. Но, навивачите на Арсенал беа дополнително загрижени по крајот на мечот, кога Сака го напушти стадионот со помагала. Оваа повреда може да биде сериозен удар за тимот на Артета, иако не се шпекулира Сака да отсуствува долго и првичните прогнози се дека ќе се врати средината на месец јануари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.