Големата трансфер желба на Артета: Напаѓач вреден 150 милиони евра

February 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Големата трансфер желба на Артета: Напаѓач вреден 150 милиони евра

Микел Артета се наоѓа во тешка ситуација, бидејќи до крајот на сезоната ќе има ограничени опции во нападот. По повредата на Каи Хаверц, тренерот на Арсенал остана со само тројца здрави напаѓачи – Тросар, Нванери и Стерлинг, што значително ги намалува неговите тактички можности. Фабрицио Романо открива дека Артета е целосно фокусиран на доведување класичен напаѓач и веќе ги скратил опциите на две имиња. Според него, главната мета на Арсенал е Александер Исак, но клубот е свесен дека Њукасл може да ја одбие понудата. Како алтернатива за Исак, Арсенал веќе има подготвена друга опција – словенечкиот напаѓач на Лајпциг, Бенџамин Шешко. Конечната одлука ќе се донесе во текот на летниот трансфер период, а клубот е подготвен за конкретни чекори.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.