September 29, 2025 | | Свет
Легендарниот германски напаѓач Лукас Подолски направи вистинско изненадување на дербито меѓу Горник Забрже и Краковија, појавувајќи се во гостинскиот сектор и бодрејќи го својот тим рамо до рамо со ултрасите. Поранешниот репрезентативец на Германија, кој поради повреда на листот не можеше да настапи, одлучи наместо на теренот да ја почувствува атмосферата од трибините. Подолски цел натпревар ја бодреше „Торцида Горник“, а средбата заврши без победник – 1:1. „Со нашата ‘Торцида Горник’. Неверојатна страст. Ова е фудбал“, напиша Подолски на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од трибините.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |