March 17, 2025 | | Свет
Македонската судијка Ива Пројковска доби нова задача во женската Лига на шампионите, каде што ќе ја дели правдата на четвртфиналниот натпревар помеѓу Волфсбург и Барселона. На Пројковска ќе ѝ помагаат Сташа Шпур од Словачка како прва асистентка и Хеини Хивонен од Финска како втора. Четврта судијка на дуелот ќе биде Алина Пешу од Романија, додека за ВАР технологијата ќе бидат задолжени српските судии Момчило Марковиќ и Јелена Цветковиќ. Овој возбудлив четвртфинален судир ќе се одигра на 19 март со почеток во 18:45 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |