Голман беше прогласен за играч на мечот, па си доби јајца како награда (ФОТО)

March 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голман беше прогласен за играч на мечот, па си доби јајца како награда (ФОТО)

Во невообичаена сцена за фудбалскиот свет, голманот на Брине, Холанѓанецот Јан Де Бур, иако беше прогласен за играч на натпреварот, не доби класична награда како пехар или шампањско – туку четири табли свежи јајца! Бодо/Глимт славеше со минимални 1-0 во првото коло од норвешката лига, но токму Де Бур беше вистинскиот херој на теренот со девет фантастични одбрани и одбранет пенал. Неговата неверојатна форма не помина незабележано, а наградата која ја доби само го потврди посебниот идентитет на клубот Брине. Имено, Брине доаѓа од регион каде што земјоделството и сточарството се длабоко вкоренети во традицијата, а навивачите гордо извикуваат „Ние сме фармери и горди сме на тоа!“. Тоа го покажуваат и на трибините, каде што често се гледаат трактори паркирани крај теренот, со фанови кои го следат мечот од височина. Клубот веќе најави дека најдобриот играч на нивниот следен домашен натпревар на 6-ти април ќе биде награден со – картон полн со локално млеко.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.