September 17, 2024 | | Свет
Ужасни вести доаѓаат од Германија. Унион Берлин на социјалните мрежи напиша дека нивниот голман Беркин Арсланогулари се бори со рак на коските и дека на голман му е потребна поддршка од фановите на клубот. Иако клубот не сакал да ја открие ужасната вест, сепак германски „Bild“ го направи тоа. Имено, на Арсланогулари му била ампутирана потколеницата од левата нога бидејќи тоа било единствениот начин за да се спречи оваа болест. „Лекувањето, рехабилитацијата и новите услови за живот чинат многу, а финансиските можности на неговото семејство се исцрпени. Еден пријател на семејството затоа започнал кампања за собирање средства“, пишува „Bild“. Голманот дебитирал во март на пријателски натпревар, а сега вели дека ќе се бори со тешката болест. „Веќе надминав многу препреки во мојот живот. Ќе се борам против оваа болест со сите средства што ги имам. Им благодарам на сите“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |