March 23, 2025 | | Свет
Македонската фудбалска репрезентација со доминантна победа ја отвори квалификациската кампања за Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со 3-0 на гостувањето во Вадуц. Првиот погодок во овој квалификациски циклус го постигна Александар Трајковски, а потоа Висар Муслиу го удвои водството. Бојан Миовски ја завери победата со одлична реализација, откако доби фантастична асистенција со надворешно ефе од бекот Бојан Илиевски. Голот на напаѓачот на Жирона се најде меѓу кандидатите за најубав погодок во првото квалификациско коло, а љубителите на фудбалот ќе можат да гласаат за него на официјалната веб-страница на УЕФА (гласај ТУКА). Во вториот натпревар од квалификациите, Македонија ќе биде домаќин на Велс во Скопје, соочувајќи се со следниот предизвик во вторник навечер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |