Голот на Дармијан доволен за триумф на Интер против Венеција (ВИДЕО)

January 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голот на Дармијан доволен за триумф на Интер против Венеција (ВИДЕО)

Интер ја продолжи својата импресивна победничка серија во Серија А со минимален триумф на гостувањето кај Венеција, славејќи со резултат 0-1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Матео Дармијан уште во 16. минута, што се покажа како доволно за освојување на трите бода. Со оваа победа, „нероаѕурите“ ја забележаа својата 13-та победа оваа сезона во италијанскиот шампионат. Во моментот, Интер се наоѓа на втората позиција на табелата со 43 бода, само еден помалку од Наполи, кој има одиграно натпревар повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.