October 9, 2024 | | Свет
Грчкиот дефанзивец Џорџ Балдок беше пронајден мртов на базенот во неговата куќа во Глифада, јужна Атина. Причината за неговата смрт засега останува нејасна. Во моментов полицијата спроведува истрага. Летово Балдок премина во Панатинаикос од редовите на Шефилд Јунајтед. Не е познато ниту дали имал некакви здравствени проблеми. Балдок имаше одиграно 12 натпревари за Грција, а овој пат не беше дел од тимот кој е во Лондон за натпреварот од Лигата на нации против Англија во четврток. Тој е роден во Бакингем, Англија, во 1993 година и добил грчко државјанство преку неговата баба. Балдок како десен бек се изгради во МК Донс од Милтон Кејнс на кој и припаѓаше до 2017 година, со различни позајмици во клубови како Тамворт и Оксфорд Јунајтед. Потоа во 2017 година се пресели во Шефилд Јунајтед каде одигра повеќе од 200 лигашки натпревари за седум години и заработи место во грчката репрезентација. Вкупно играше три години во Премиер лигата со „Блејдс“. Во летото 2024 година тој се пресели во грчки клуб за прв пат приклучувајќи му се на Панатинаикос.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |