Грилиш повторно фатен пијан (ВИДЕО)

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Грилиш повторно фатен пијан (ВИДЕО)

Џек Грилиш, иако е голема ѕвезда во Премиер лигата, повеќе го привлекува вниманието на медиумите кога е во опуштена состојба отколку со своите фудбалски вештини. Токму тоа повторно се случи неодамна, кога беше забележан пред еден паб во Њукасл со шише во рака, што веднаш стана главна вест на британските спортски наслови. Ова не е првпат неговите славенички ноќи да станат тема на јавноста. По триумфот на Манчестер Сити во Лигата на шампионите во јуни 2023 година, тој со денови, па дури и недели, уживаше во прославата без да земе одмор од забавата. Снимката наводно е направена по победата на Манчестер сити над Плимунт од 3:1 викендов во ФА Купот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.