Гризман го напушта Атлетико Мадрид, го чекаат Жиру и Лорис

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гризман го напушта Атлетико Мадрид, го чекаат Жиру и Лорис

Антоан Гризман, еден од клучните играчи на Атлетико Мадрид, донел одлука на крајот на сезоната да ја напушти екипата и да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес. Според шпанските медиуми, тој планира до крајот на март да има состанок со управата на клубот, како и да се збогува со фановите. Наводно, главната причина за неговиот избор е семејството, поради што има желба да настапува за ФК Лос Анџелес, каде веќе играат Оливие Жиру и Уго Лорис. Во тековната сезона, Французинот запиша 41 настап за мадридскиот клуб и постигна 16 голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.