Грозни детали од судењето за Марадона: Лежел два часа мртов во ужасна соба!?

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Грозни детали од судењето за Марадона: Лежел  два часа мртов во ужасна соба!?

Шокантни информации беа откриени за смртта на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона, што остави јавноста без зборови. Седум членови на медицинскиот тим на Марадона се осомничени за неговата смрт, а докторот Колин Кембел откри нови детали. „Собата во која се наоѓаше Марадона беше валкана, без основни хигиенски услови или медицинска опрема. Марадона беше мртов повеќе од два часа, а во неговата соба не постоеше ништо што би помогнало при реанимација“, изјави докторот. На судењето ќе сведочат повеќе од 100 сведоци, а осомничените може да се соочат со затворски казни до 25 години ако бидат прогласени виновни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.