Гулер би можел да го напушти Реал и да премине во Бундеслигата

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гулер би можел да го напушти Реал и да премине во Бундеслигата

Арда Гулер важи за еден од најперспективните играчи на Реал Мадрид, но засега ретко добива шанса да го покаже својот потенцијал. Младиот турски фудбалер пристигна во редовите на „кралевите“ во 2023 година како големо засилување за иднината, но наместо да биде дел од главните планови, повеќе време минува на клупата отколку на теренот. Поради тоа, Гулер наводно побарал да ја напушти екипата во потрага по клуб кој ќе му овозможи повеќе минути за игра, со цел да го искаже својот талент. Според германските медиуми, Ајнтрахт Франкфурт е најсериозниот кандидат за неговиот потпис. Тимот од Бундеслигата силно е заинтересиран да го донесе во своите редови ова лето, иако конкуренција има и од Лајпциг, кој исто така го следи ситуацијата околу Гулер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.