July 23, 2024 | | Свет
Илкај Гундоган во моментов преговара со катарскиот клуб Ал Сад и наводно бил привлечен од нивната понуда. Тие му понудиле договор на три години и многу висока плата. Тој допрва ќе се врати на тренинзите на Барселона а минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Барселона каде го покажа своето огромно искуство. Но, Барселона ќе мора летово да продаде некој поголем трансфер, па Гундоган би можел да биде еден од тие каде тој има 18,7 милиони евра бруто плата. Неговиот договор е до следното лето, па ова е последно лето кога Барселона би можела да заработи на него. Но, тој би можел оваа понуда да ја искористи и за да добие нов договор од Барселона, па допрва ќе се види како ќе се развива целата ситуација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |