August 20, 2024 | | Свет
Барселона го известила Гундоган дека очекуваат до крајот на трансфер периодот тој да замине после само една сезона. Гундоган има договор до 2026 година и плата од околу 19 милиони евра бруто. Според информациите на „The Athletic“, неговиот претходен клуб Манчестер Сити е фаворит за да го врати Гундоган во своите редови. Исто така, и самиот Гундоган во моментов лично преферира да се врати во Сити, иако има интерес од тимови од Турција и Саудиска Арабија. Наводно, Гвардиола и Гундоган веќе разговарале каде Гвардиола веќе дал зелено светло за трансферот. Ова следува откако Флик му рекол дека не е во плановите во клубот, а можеби и позагрижувачки во моментот е финансиската состојба во Барселона каде мораат да го растеретат платниот буџет па очигледно изборот паднал на Германецот. На овој начин Дани Олмо без проблем би бил регистриран и ќе може да заигра во наредниот натпревар против Атлетик Билбао.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |