August 19, 2024 | | Свет
Илкај Гундоган размислува за опцијата да замине од Барселона каде Германецот има плата од безмалку 19 милиони евра бруто. Евентуалниот трансфер би можел да се случи во последните неколку дена од трансфер периодот, пренесува Фабрицио Романо. Оваа одлука не е финална, но тој ги разгледува своите опции во случај да одлучат заедно со клубот да се разделат, а ова би можело да се случи по само една сезона помината во Барселона откако дојде од Манчестер Сити како слободен агент. Интерес постои од клубови од Премиер Лигата, тимови од Турција, Катар и Саудиска Арабија. Пред неколку дена Ханси Флик рече дека има чувство дека Гундоган ќе остане. Неговиот договор истекува во 2026 година, а минатата сезона постигна пет гола и имаше дури 14 асистенции на 51 натпревар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |