Гундоган: Не се каам што потпишав за Барселона, си го исполнив сонот

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гундоган: Не се каам што потпишав за Барселона, си го исполнив сонот

Илкај Гундоган по само една сезона помината во Барселона се врати во Манчестер Сити откако Флик му рече дека не може да му вети голема минутажа со доаѓањето на Дани Олмо. Тој беше запрашан за тоа дали едната помината сезона во Барселона била загубена сезона во неговата кариера. „Играв за еден од најголемите клубови во светот. Остварив еден од моите детски соништа да играм за Барса и да го носам нивниот дрес. Можеби луѓето гледаат поинаку на минатата сезона и мислат дека не освоивме ништо. Тоа е точно. Но, ако погледнете како игравме, имавме 85 бода на крајот од сезоната, само три помалку од претходната година кога тимот ја освои титулата. Игравме против многу силен Реал Мадрид. Се чувствувам привилегиран што играв за Барселона. Во други околности, можеби работите ќе беа поинакви. Беше тешко, но истовремено и прекрасно искуство. Воопшто не жалам“, изјави Гундоган.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.