November 27, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола со тешко срце го прифати ремито на неговиот тим против Феенорд каде беше пропуштена предност од дури три гола. Во последните шест натпревари, Манчестер Сити има пет порази и едно реми. Според Пеп, се работи за психолошки проблем кај неговите играчи. „Се беше во ред до 3-0. Потоа примивме многу наивни голови бидејќи не бевме стабилни. Им го подаривме првиот, па вториот, па стана тешко. Во последно време загубивме многу натпревари. Премногу сме кревки, па ни требаше победа за да ја вратиме самодовербата, работевме добро, но… Не знам дали проблемот е психолошки. Првиот гол е неприфатлив да се прими, вториот исто така. Потоа заборавивме се и нападнавме да ја потврдиме победата. Играме добро, но не победуваме.“, изјави Гвардиола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |