August 17, 2025 | | Свет
Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола влезе во историјата како најголемиот „трошач“ на трансфер пазарот. Според реномираниот портал „Трансфермаркт“, 54-годишниот тренер во својата 17-годишна кариера издвоил неверојатни две милијарди евра за нови фудбалери – повеќе од кој било друг стратег во светот. Во тој период, Гвардиола зад себе остави импресивна низа од 38 трофеи, меѓу кои и три титули во Лигата на шампионите. Тренерската приказна ја започна во Барселона Б, по што четири години го водеше првиот тим на каталонците. Следуваа три години во Баерн Минхен, а од 2016 година е кормилар на Манчестер Сити, со кој освои се што може да се освои во англискиот и европскиот фудбал. Најскапиот трансфер во неговата ера е Џек Грилиш – донесен од Астон Вила за 117 милиони евра. Веднаш зад него се Хрватот Јошко Гвардиол (90 милиони од Лајпциг) и Омар Мармуш (75 милиони од Ајнтрахт). Во топ засилувањата се вбројуваат и Рубен Дијаш (71 милион), Родри (70) и Ријад Марез (67). На втората позиција на оваа листа е Жозе Мурињо, кој низ својата богата кариера во девет клуба потрошил околу 1.9 милијарди евра. Неговиот најголем потег на пазарот е ангажманот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед во 2016 година за 105 милиони евра. Третото место му припаѓа на Карло Анчелоти, денес селектор на Бразил. Во сите клубови каде работел (Реал, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон…), тој потрошил околу 1.8 милијарди евра, а зад себе има трансфери како Џуд Белингам (127 милиони) и Гарет Бејл (100 милиони). Во „топ 10“ листата на најголеми потрошувачи се наоѓаат и Диего Симеоне (1.5 милијарди), Масимилијано Алегри (1.4) и Антонио Конте (1.36 милијарди). Списокот јасно покажува дека модерниот фудбал одамна прерасна во игра на милијарди, каде врвните тренери се мерат не само по освоените трофеи, туку и по финансиската моќ на нивните клубови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |