Гвардиола: И да го исфрлат Сити од ПЛ, јас останувам

November 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: И да го исфрлат Сити од ПЛ, јас останувам

Иако сите очекуваа Гвардиола да го продолжи договорот само за една сезона со опција за продолжување за уште една, сепак Пеп се согласи на нов двогодишен договор. На денешната прес-конференција тој рече дека ќе остане во клубот дури и истиот да биде исфрлен од Премиер лигата поради можно прекршување на финансискиот фер-плеј. „Реков и пред шест месеци дека ако не исфрлат од Премиер лигата, јас ќе останам. Дури и ако завршиме во Конференцијата, ќе се вратиме. Почувствував дека морам да останам затоа што ме сакаа, се разбира, од очигледни причини – резултатите. Освен тоа, се познаваме долго време. Сите одлуки во мојот живот се засноваат на тоа како се чувствувам во тој одреден момент. Го направивме тоа за два часа. Зошто две години? Главно затоа што не сакам да бидам на позицијата „ова е крајот на Пеп“ во септември, октомври или ноември следната година. Би сакал да останам две години, но знам дека ако резултатите не се добри, нема да бидат толку долго“, рече Пеп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.