December 7, 2024 | | Свет
Конфликтот меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо го привлекува вниманието на англиската фудбалска јавност, откако Португалецот го нападна Гвардиола за неговите трофеи. Мурињо изјави дека е горд на своите титули бидејќи се „чисти“, потсетувајќи дека за трофеите на Гвардиола се водат истраги, а Манчестер Сити се соочува со 115 обвиненија од ФА, а не 150 како што изјави Мурињо. На тоа, Гвардиола не остана должен и се пофали дека има шест титули во однос на три на Жозе. Очекувано, препукувањето не заврши тука, бидејќи на последната прес-конференција Гвардиола повторно беше прашан за истата тема. „Пред се, би сакал да биде јасно дека мојата прва изјава беше само шега…. Очигледно е дека Жозе Мурињо е уште еден на долгата листа кој сака да испаднеме во трета лига или да се преселиме во конференција… Она на што јас сум горд е што јас и тој, со нашите освоени титули, можеме да седнеме на иста маса со Алекс Фергусон и Арсен Венгер…. Ако сум го навредил се извинувам, но факт е дека јас имам шест титули, а тој три. Тоа е факт. Исто како што е факт дека многу луѓе сакаат да го видат Манчестер Сити на дното, но јас веќе кажав – да ја почекаме пресудата. Сите се невини додека не биде докажано спротивното“, изјави Гвардиола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |