Гвардиола: И со пиштол не можете да го запрете Халанд!

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: И со пиштол не можете да го запрете Халанд!

Халанд вчера постигна уште еден хет-трик, втор на последните два натпревари, а овој пат тоа го стори против Вест Хем во гости. Гвардиола за него рече дека во овој момент нема стопер кој може да го запре Халанд кога игра во својата најдобра форма. „Ерлинг е незапирлив. Нема дефанзивец кој може да го запре, ниту со пиштол и тоа сите го знаат. Среќни сме поради неговиот хет-трик. Навистина сум задоволен од Халанд. Оваа сезона ја подобри својата игра во сите сегменти. По тренингот останува дополнителни 20 минути или половина час. Минатата сезона тој не го направи тоа ниту еднаш. Среќни сме поради „хет-трикот“, но тој беше вклучен во играта на овој натпревар. Не загуби ниту една топка и играше неверојатно, не само со топка, туку и дефанзивно и офанзивно без неа. Навистина сум задоволен“, рече Пеп по натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.