Гвардиола: Идеалната замена за Де Брујне е Белингем, но трансферот се граничи со научна фантастика!

July 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Идеалната замена за Де Брујне е Белингем, но трансферот се граничи со научна фантастика!

Во неформален разговор за медиумите, Гвардиола коментираше за тоа кој би бил идеалната замена за Де Брујне кој можеби нема да замине летово, но полека неговата етапа во Сити завршува. Тој рече дека иделната замена е младиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам (21), за кој верува дека ќе биде совршено засилување за Сити. „Кевин е симбол на нашиот клуб, тој направи толку многу за Сити и за овие навивачи. Навистина ќе имаме празнина во нашите срца, но фудбалот е таков и мора да се адаптираме на сите ситуации. Мислам дека во моментов идеална замена за него би бил само Џуд Белингем, но тој трансфер се граничи со научна фантастика. Тој е член на Реал Мадрид и оттаму играчите многу тешко заминуваат. Ќе видиме, летото е долго“, рече Гвардиола. Сити и Реал станаа главни конкуренти во битката за трофеите во Лигата на шампионите и затоа немаат намера да си ги пуштат врвните играчи, па затоа Мадрид упорно одбива да го пушти Родриго во Манчестер Сити. Иако Бразилецот најверојатно ќе го загуби стартното место по доаѓањето на Килијан Мбапе, Флорентино Перез ќе го пушти само ако пристигне огромна сума.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.