Гвардиола: Има само едно решение за нашиот проблем

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Има само едно решение за нашиот проблем

Поразот од Астон Вила со 2:1 е деветти на последните 12 натпревари за Манчестер Сити во сите натпревари, што ги остави „граѓаните“ на шестото место на табелата и далеку од битката за титулата во Премиер лигата. И покрај новиот тежок удар, Пеп Гвардиола не се предава. Единствената победа во овие 12 натпревари беше против Нотингем Форест, но тимот сега се соочува со големи проблеми, пред се со актуелната форма, која е се повеќе загрижувачка. Фановите веќе се помирија дека Сити оваа сезона нема да ја освои Премиер лигата, но најголемиот предизвик останува како да се излезе од кризата. „Астон Вила е многу добар тим, добри се во блок играта и знаеја како да ни наштетат. Имавме добри моменти, но во второто полувреме се повлековме и не вршевме ист пресинг како кога Стоунс беше на теренот“, рече Гвардиола. Шпанскиот стратег призна дека со само еден здрав стопер, тимот е во тешка ситуација и дека решението лежи во враќањето на најдобрите играчи во тимот. „Очигледно е дека се мачиме и постои само едно решение: да ни се вратат најдобрите играчи. Денеска се повреди Стоунс, а во такви околности е тешко да имате успех“, додаде Пеп. Сепак, Гвардиола верува дека ќе најдат начин да се вратат во форма. „Се уште верувам во овие момци. Тие имаат голема гордост и го сакаат само најдоброто за тимот. Ќе пронајдеме начин да се вратиме, порано или подоцна тоа ќе се случи“, заврши оптимистички Пеп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.