Гвардиола ја „изгубил“ главата: Тргна да тепа навивач! (ВИДЕО)

December 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола ја „изгубил“ главата: Тргна да тепа навивач! (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола се најде во фокусот на вниманието по серијата порази на Манчестер Сити. Иако тимот го прекина низата неуспеси, критиките кон тренерот беа огромни. На социјалните мрежи се појави видео кое првично се сметаше за неодамнешна снимка, но според информациите, тоа всушност е снимка од поразот на Сити во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед минатата сезона. На видеото, навивач го снима Гвардиола кој ладно поминува покрај него. Навивачот му дофрлил: „Лут си само бидејќи загуби“. Пеп бурно реагирал, па се вратил назад за да се пресмета со снимателот среде улица. Сепак, неговите придружници го спречија да го стигне навивачот и спречија ескалација на ситуацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.