Гвардиола ја откри разликата меѓу шампионите и другите екипи

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола ја откри разликата меѓу шампионите и другите екипи

Пеп Гвардиола започна ноа сезона како Манчестер Сити, сезона која во овој клуб може да му биде и последна со оглед на тоа што наредното лето му истекува договорот. На првиот натпревар успеа да го совлада Челси со 2-0 со головите на Халанд и Ковачиќ каде покажаа доминација и искуство и без некои големи проблеми го победија тимот од Лондон. Она што беше привлече внимание е изјавата на Гвардиола по натпреварот. „Ние ја имаме таа предност, ова е наша деветта сезона заедно, така што многу добро се познаваме. Се разбира, има грешки кои треба да се поправат, но ние зборуваме за тоа. Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на телото и како се однесуваме. Тешките моменти и тешките натпревари и реакциите на нив дефинираат голем тим. Горд сум што ги водам овие момци. Имам многу среќа, немам што друго да додадам“, рече Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.